Британскиот принц Хари во средата изјави дека медиумска групација ги хакирале телефоните на индустриско ниво, како и дека ќе чувствува неправда доколку високиот суд во Лондон пресудено дека тој не бил жртва/
Хари, кој е првиот истакнат член на британското кралско семејство во повеќе од 130 години кој сведочи пред суд, беше испрашуван како сведок втор ден со ред. Принцот тврди дека таблоидите се користеле со незаконски методи за да добиваат информации за него уште откако бил дете.
Во вторникот речиси пет часа Хари беше испрашуван од Ендрју Грин, адвокатот на издавачката куќа „Mirror Group Newspapers (MGN)“ во чиешто издаваштво се весниците Daily mirror, Sunday Mirror и Sunday People. Принцот и уште стотина луѓе го тужат издаваштвото дека нелегално собирала информации за нив во периодот меѓу 1991 и 2011 година.
Продолжувајќи го своите испрашување во средата, адвокатот Грин рекол дека докази на мобилниот телефон кој би покажале дека Хари бил жртва на хакирање, споредувајќи го тоа со истрагата од 2005 година која довде до осудителна пресуда на поранешниот уредник за прашањата од кралското семејство в денес непостоечкиот весник News of the World на магнатот Руперт Мардок.
„Доколку судот никогаш не утврди дека ве хакирал некој новинар од MGN, дали ќе чувствувате олеснување или разочарување?“, го прашал Грин принцот Хари.
Хари одговорил дека тоа би било „шпекулација“, дека верува дека хакирањето било раширено на „индустриско нови“ во најмалку трои весници, како и дека „нема сомневање “ во тоа.
„Доколку биде донесена одлука против мене или кој и да е којшто застана зад мене со своите тврдења, земајќи и предвид дека MGN го призна хакирањето, да, би чувствувал неправда“, изјавил принцот Хари.
Во одговор на сугестијата на адвокатот Грин дека би сакал да биде жртва, принцот Хари рекол дека тоа „никој не го посакува“.
Од MGN на почетокот од процесот се извинија и го признаа случајот кога Sunday People незаконски барал информации за принцот Хари, истакнувајќи дека тој мора да добие отштета за тоа.
Издавачката куќа претходно призна дека нејзините медиуми учествувале во хакирање на мобилните телефони и се спогоди во повеќе од 600 случаи, плаќајќи 120 милиони долари отштета.
Меѓутоа, од MGN ги отфрлаат сите друг тврдења на Хари, наведувајќи дека нема докази за тоа. Нивниот адвокат Грин тврдеше дека приватните информации за принцот доаѓале од персоналот на Бакигнемскиот дворец.