![Prince Harry and Meghan, Duchess of Sussex expecting first baby](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/princ-hari-i-megan-markl.jpg?resize=696%2C444&ssl=1)
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл го очекуваат нивното второ дете, објави во неделата агенцијата PA цитирајќи го претставникот на кралското семејство.
„Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни во очекување на своето второ дете. Можеме да потврдиме дека Арчи (првородениот син на двојката) ќе стане постар брат“, изјавил претставникот на двојката.
Второто дете на двојката ќе биде 12-от правнук на британската кралица Елизабета Втора и ќе биде осмиот во наследниот ред на тронот, по принцот од Велс – Чарлс, војводата од Кембриџ – Вилијам, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луи, војдодата од Сасекс – Хари и неговиот син Арчи. По раѓањето на второт дете во семејството на принцот Хари и Меган Маркл, војводата од Јорк – Ендрју оди во деветтиот ред во наследниот ред на британската круна.
Принцот Хари и Меган Маркл станаа родители на 6-ти мај 2019 година, а нивниот син Арчи има речиси две години. Во ноември минатата 2020 година, Маркл за весникот The New York Times раскажа дека во јули истата година го загубила своето второ дете и си сподели своите трауми од спонатниот абортус.
Пред повеќе од една година, двојката преку изјава на Instagram објави дека има намера да се откажат од статусот членови на кралското семејство и од финансиските привилегии според сатусот за да стекнат финансиска независност и да го минуваат времето на релација меѓу Велика Британија и Северна Америка. Семејството на принцот Хари прво се пресели во Канада, а двојката во моментов престојува на повеќемилионски имот на пацифичкиот брег во калифорниска Санта Барбара и потпиша договор со филмската продукциска куќе „Netflix“.
Тие промени стапија на сила на 31-ви март 2020-та и од тогаш двојката не може официјално да ја претставува кралицата Елизабета Втора на своите патувања, да извршува други церемонијални должности и да ја користи титулата Нивно височество. Семејството на принцот, исто така, престана да добива буџетски средства кои ги покриваат трошоците на војводата и војвотката од Сасекс, поврзани со нивната дотогашна официјална улога како членови на кралскот семејство.
Причините за ваквата одлука на војводата и војвотката и денес не се целосно јасни, а британските медиуми шпекулираат со разни претпоставки. За многумина овој чекор на двојката е поврзан со нивниот замор од постојаното внимание кои им го обраќааа таблоидите, според кои принцот Хари ширел лажни информации за својата сопруга. Други, пак, наведуваа за кавги во кралското семејство и нетрпеливост меѓу принцот Хари и неговиот брат принцот Вилијам.