Принцот Хари и Меган Маркл поканети на крунисувањето на Черлс Трети

Принцот Хари, петтиот во наследниот ред на британскиот трон, и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл добија покана за присуство на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, објави во неделата весникот The Sunday Times, повикувајќи се на портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс.

Според овие информации, Хари „неодамна добил електронско писмо од канцеларијата на Неговото Височество кое се однесува на крунисувањето“. Притоа, претставникот на војводската двојка рекол дека одликата дали Хари и Меган ќе присуствуваат на церемонијата во моментов нема да биде обелоденета.

Претходно весникот The Sun објави дека присуството на помладиот син на британскиот крал Чарлс Трети, принцот Хари на церемонијата на крунисувањето во мај нема да биде задолжително, бидејќи според традицијата браќата и децата на монархот повеќе не треба да му се заколнуваат на верност клекнати. Овој елемент од церемонијата ќе биде зачувани само за носителот на титулата принцот од Велс, Вилијам кој е наследник на престолот.

Во јануари 2020 година принцот Хари и неговата сопруга Маркл донесоа одлука да се повлечат од позицијата на официјални високи членови на британското кралство семејство. Со тоа тие повеќе не можат официјално да ја претставуваат кралот на своите јавни настапи, да извршуваат други церемонијални должности и да ја користат титулата нивно височество.

Двојката се пресели во САД, и купи куќа во Санта Барбара во сојузната држава Калифорнија, каде што ќе ги подигнуваат синот Арчи и ќерката Лилибет Дијана. Нивната одлука придонесе и да запрат средствата кои ги добиваа како активни членови и официјални претставници на кралското семејство. Но тоа го надоместуваат со договори за објавување мемоари за книги, аудио и видео содржини посветени на нивниот живот како членови на кралското семејство за стриминг платформите Spotify и Netflix.