Принцот Хари најде работа

Британскиот принц Хари ќе стане функцион3р на компанија за животен тренинг и ментално здравје „BetterUp Inc.“, извести во вторникот деловниот дневен весник The Wall Street Journal.

Се очекува дека војводата од Сасекс во новата улога ќе учествува во иницитив како што се одлуки за стратегијата за доделување на доброволните прилоз, и оти јавно ќе проговори за темите поврзани со менталното здравје, се наведува во написот.

Од копанијата „BetterUp“ засега не одговориле на барањето на агенцијата Reuters за коментар на информацијата.

Претходно во март во телевизиското интервју со американската телевизиска водителка Опра Винфри, вникот на британската кралица Елизабета Втора и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл ја фрли британската монархија во најголемата криза од 1997 година, односно од смртта на принцезата Дијана, мајката на Хари и негвоиот постар брат Вилијам

Триесет ишестгодишниот Хари и 39-годишната Маркл во јануари 2020 година ја изненадија јавноста и монархијата кога објавија дека се повлекуваат од должностите и привилегиите кои произлегуваат од статусот на членови на кралското семејство. Потегот го образложија со големото негативно внимание на британските медиуми и желбата за осамостојување преселувајќи се преку Атлантикот.

Во февраури Бакингемскиот дворец објави дека Хари и Меган дефинитвно излегуваат од кралските должности и со тоа го губат покровителството на британскиот трон.