Принцот Хари покрена правни мерки за полициска заштита во Британија

Принцот Хари преземал правни мерки коишто би му гарантирале полициска заштита кога со семејството ќе патува во Обединетото Кралство, а сите трошоци ги платил лично, соопшти во неделата за медиумите неговиот правен застапник.

Војводата од Сасекс, како што галси титулата на принцот Хари, и неговата сопруга американската поранешна актерка Меган Маркл, ја загубија постојаната полициска заштита во Обединетото Кралство, откако во 2020 година решија да ги прекинат врски и обврските со кралското семејство. Семејството сега живее во американската сојузна држава Калифорнија со двете деца Арчи и Лилибет.

Хари сака сега своите деца да ги однесе во посета на Велика Британија, но тој и неговото семејство „не можат да се вратат дома“, бидејќи тоа за нив е премногу опасно, смета правниот застапник на принцот, и додал дека на 30-ти јуни, по средбата со хендикепирани деца папараците на улиците на Лондон го бркале автомобилот во кој се наоѓал.

Принцот тврди дека припадниците на неговото обезбедување во САД немаат пристап до информациите за обезбедувањето во Велика Британија, што е неопходно тој и неговото семејство да останат безбедни.

Оваа правна акција, која била покрената уште во септември а наводно целта ѝ е да влијае на преиспитувањето на одлуката на британското министерство за внатрешни работи, би можела да го посрами кралското семејство, веќе соочено со можно судење на принцот Ендрју во САД поради обвинувања за сексуални напади врз малолетнички.

За зашитување на монархијата, кралицата Елизабета Втора оваа седмица на принцот Ендрју му го одзема сите официјални и воени титули, а во медиумите се наведува и дека принцот сега самиот си го плаќа обезбедувањето.

Претставник на принцот Хари за британската агенција Press Agency (PA) изјавил дека „Обединетото Кралство секогаш ќе биде дом на принцот Хари, како и земјата во којашто тој, неговата сопруга и децата сакаат да се чувствуваат сигурно“.

Седуммесечната Лилибет, прекар кој кралицата Елизабета го добила како дете“, сѐ уште не ја запознала својата баба Елизабета Втора, ниту дедото принцот Чарлс.

Принцот Хари последен пат во посета на Велика Британија престојуваше минатото лето, кога заедно со братот прицот Вилијам на 1-ви јули ја открија скулптурата на нивната мајка Дијана, која загина во автомобилска несреќа во Париз во 1997 година откако возилото во кое беше со нејзиниот тогашен партнер египетскиот богаташ Доди ал-Фајед беше прогонувано од папараци.

„Принцот Хари со раѓањето наследил и доживотен безбедносен ризик. Шести е во наследниот ред за престолот, служел во две борбени мисии во Авганистан а последната година неговото семејство беше исложено на екстремистички и неонацистички закани“, изјавил неговиот правен застапник.

Портпаролот на британската влада изјавил дека системот кој се однесува на заштита на јавните личности е „ригорозен и пропорционален“, и одбил да изнесе поединости за довоорите или за покренатите правни постапки.