Албанците да се однесуваат достоинствено и да се зачува меѓусебната почит во Македонија, ова е апелот кој го упати албанското кралско семејство во соопштение по масовните протести кои се организираат во Македонија и дијаспората, во знак на револт по пресудата за случајот „Монструм“, пишува Алмакос.
– Во исто време ги повикуваме сите Албанци да се држат настрана од деструктивните и радикални елементи“, се вели во соопштението на семејството Лека.
Тие сметаат дека намерата на Албанците во целиот регион се карактеризира со заемна почит, а ова е спротивно на нивната цел.
Кралското семејство подвлекува дека поделбите треба да бидат оставени на страна и да се разговара со поинаков тон за позиициите во Македонија, земја која има амбиции да се вклучи во ЕУ мора да ја одржи демократската кондиција.