Идната Влада во Македонија на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера како главен приоритет да го има бизнисот и економскиот развој на Македонија и да работи за доброто на граѓаните. Немаме никаква поинаква цел бидејќи поддршката што ја добивме на овие избори од граѓаните е нешто што не обврзува, но исто така не охрабрува да сето тоа кое што го зборувавме и во оваа кампања, но и годините наназад, сега да го примениме на дело“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при обраќање на денешниот Самит „Македонија 2025“.
Додаде дека можеби овој пат не беше лесен и траеше неколку години, но уште од самиот почеток се зацрта дека ќе биде тешко но не и срамно. Сите предизвици ВМРО-ДПМНЕ ги решаваше систематски еден по еден и тоа успешно.
„Очекувам Македонците надвор од Македонија, успешните, помалку успешните, но и оние кои што не се бават толку со бизнис да знаат дека Македонија е нивната татковина, дека се секогаш тука добредојдени и дека сега е моментот да направиме нешто за нашата заедничка држава“, нагласи тој.
Тој во своето обраќање укажа – „Повеќе во овие три децении во Македонија се зборуваше за бајки, се зборуваше за нешто кое што не зависеше само од нас. А, многу малку се зборуваше за нешто што зависи од нас“. Тој посочи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да зборува за бајки, нема намера да зборува за чуда.
„Ние ќе зборуваме за реални работи, и за реалноста која што треба заеднички да ја градиме со нашите Македонци од светот“, порача Мицкоски.