![Mideast Islamic State](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/132428016.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Двајца осомничени припадници на Исламската државата се уапссени денеска во провинцијата Санлиурфа на југот на Турција со појаси со експлозив на себе, јавуваат турските локални медиуми.
Провинцијата Санлиурфа се наоѓа на турско-сириската граница Во оваа провинција изминатиот период се случија неколку напади за кои одговорноста ја презеде Исламска држава.
Исламска држава се обвинува и за неодамнешниот напад во блиската провинција Газијантеп, каде на курдска свадба загинаа повеќе од 55 лица, најголем дел од нив деца.