Приредувале игри на среќа без дозвола, добија кривични

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела “приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.А. (34) од кичевското село Грешница, Н.А. (41) од селото Зајас како и против правниот субјект „Студио д Бест“ сопственост на Н.А.

На 27-ми минатиот месец, полициските службеници и инспекторите од УЈП-регионална дирекција Тетово, извршија контрола во уплатни места на спортска обложувалница „Џокер“ лоцирани во нерегистририрани објекти-чајџилница во селото Грешница сопственост на Г.А. и во „Студио д Бест“ соственост на Н.А. во селото Зајас, регистрирано за вршење фотографски услуги.

При извршената контрола, констатирано е дека двајцата сопственици работат спротивно на Законот за игри на среќа и забавни игри.

Тие обавувале дејност на спортска обложувалница без да поседуваат лиценца од Министерството за финансии на Република Македонија.