Природен рецепт кој го решава проблемот со седи влакна

Природен рецепт кој го решава проблемот со седи влакна
Природен рецепт кој го решава проблемот со седи влакна

Со овој едноставен и евтин рецепт ќе ги отстраните вашите седи влакна. Се што ви треба се лушпа од компир, малку вода и четкичка за нанесување.

Верувале или не, лушпата од компир може да ги отстрани вашите седи влакна на косата. Ова го тврди доктор Ентони Јун во емисијата Рејчел Реј. Имено, тој за да го демонстрира својот пронајдок повика модел со поседа коса и ја покажа постапката.

Овој начин за отстранување на седите влакна не е скап – потребни ви се лушпа од компир, малку вода и четкичка за нанесување.

Подготовка:

Шолја лушпи од компир и две шолји вода сипете ги во тенџерче, па загрејте ги до вриење. Кога ќе зовријат намалете ја температурата и оставете да крчкаат околу 5 минути. Тргнете ги од оган и оладете ги, па исцедете ги низ цедалка.

Би требало да добиее течност со браон боја. Со течноста намачкајте ги седите прамени со помош на четка, како што е претставено во видеото. Можете да користите четка за фарбање или за премачкување на тесто, но во тој случај повеќе никогаш не ја користете за подготовка на храна.

Пред нанесување на течноста од компир, косата измијте ја на вообичаен начин, со шампон и исушете ја. Ентони советува да направите поголема количина од оваа течност и да ја сипете во празно измиено шише од шампон, а потоа да ја користите по секое миење.