
Но, постојат природни лекови што можат значително да ги олеснат кивањето и кашлицата за да можете целосно да уживате во пролетните убавини.
Камилица
Антивоспалителните карактеристики на оваа билка помагаат кај сувите очи и нивното чешање. Неколку пати дневно ставајте ладни облози на очите и веднаш ќе го почувствувате пријатниот ефект.
Нане
Одличен лек за дишните патишта, преку инхалација на свежо или суво нане може значително да се подобри дишењето.
Коприва
Делува како антихистаминик што помага да се намалат симптомите на алергиите како кивавицата и чешањето на очите. Можете да земете таблети од коприва или да пиете чај.
Мајчина душичка
Помага кај лекувањето на кашлицата и ја подобрува состојбата кај воспаленото грло.
Ѓумбир
Во комбинација со мед, ѓумбирот ја ублажува иритацијата при воспалено грло.
Лута пиперка
Како богат извор на биофлавониди кои спречуваат ослободување на хистамин и други хемикалии што предизвикуваат симптоми на алергија, се препорачува секојдневна консумација или барем почеста, во секој случај.
Мед
Добар лек за ублажување на кашлицата и воспаление на грлото. Една лажичка мед со било кој од наведените чаеви ќе ви биде од голема помош.