![Gergeli Gjulas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Gergeli-Gjulas.jpg?resize=640%2C396&ssl=1)
Шведска не направи ништо за да ја зголеми довербата во нејзината соодветност за членство во НАТО и остави впечаток дека пристапувањето во алијансата не е нејзин приоритет, изјави во четвртокот шефот на кабинетот на унгарскиот премиер.
Шведска поднесе барање за приклучување кон Северноатлантскиот договор во мај 2022 година, по децениите декларативна воена неутралност но тесна соработка со западниот воен блок првадвајќи го потегот со руската инвазија во Украина, но процесот на пристапување, кој бара одобрение од сите членки, е закочен од Турција и Унгарија.
Унгарскиот парламент сè уште ја нема ратификувано кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, а владејачките конзервативни суверенисти на премиерот Виктор Орбан велат дека нема закана за безбедноста на Шведска, неоправдано обвинувајќи ги унгарските власти за поткопување на демократијата.
„Шведска не презема никакви чекори за зајакнување на довербата, за нашиот однос да стане однос на сојузници и пријатели“, рече на брифингот со новинарите Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Овој однос моментално е правно еден од сојузничките, но не може да се смета за пријателски, па морам да заклучам дека за Шведска денес воопшто не е приоритет брзо да се приклучи на НАТО“, додаде тој.
Гуљас предложи шведскиот министер за надворешни работи или премиер да „стапат во контакт и да прашаат за што е загрижен унгарскиот парламент“ во врска со приемот на Шведска во НАТО.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека Унгарија сака да избегне да биде последната земја што го ратификувала влезот на Шведска во НАТО, но „веројатно нема да успееме без помош на Шведска“.
„Зошто тоа би било за мене важно, ако не ѝ е важно на Шведска?“, рече Гуљас.
Унгарскиот парламент, кој во моментов е на зимска пауза, ќе продолжи со работа кон средината на февруари.
Генералното собрание на турскиот парламент би можело да расправа за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО во наредните седмици, изјави минатата седмица шефот на пратеничката група на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP).