![dastevski fingerprint](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/dastevski-fingerprint.jpg?resize=662%2C467&ssl=1)
Денеска во Македонија пристигна и последната пратка од терминалите за гласање на претстојните локални избори.
На локалните избори во земјата гласачите ќе се идентификуваат за прв пат со читач на отисок од прст.
Болните и изнемоштените лица нема да се контролираат преку терминали туку тие ќе гласаат како порано со УВ ламба и спреј.
Останаа уште една недела до изборите а од ДИК велат дека се ќе биде подготвено за 17 октомври, односно за денот на изборите.