![pingvini-skopje-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/pingvini-skopje-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Пристигнаа пингвините во скопската Зоолошка градина.. Оттаму соопштија дека новите членови полека се адаптираат на својот нов дом. Веќе ја добиле првата вечера, а го оствариле и првиот контакт со своите нови негуватели.
Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве ‘частиме‘ со интересни фотографии и видеа сè додека не дојде моментот да ги видите и во живо. Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен“, велат од Зоолошката градина.