Иако звучи како сон, научниците открија протеин кој може да го задржи сладоледот замрзнат – ни доаѓа сладолед кој нема да се топи поради високите температури.
Го лижете омилениот сладолед на сонце, тој ве освежува и заблажува, но се тоа го расипуваат капките по рацете и фактот дека пребрзо се топи, па едноставно мора брзо да го голтате? На тоа дојде крај, тврдат шкотските научници од Универзитетот во Единбург и Данди, кои смислиле како да го спречат топењето, пишува Си-Ен-Ен.
Имено, тие откриле протеин кој го спречува топењето на омилениот сладолед во светот, збивајќи ги атомите на воздухот, маснотиите и водата во сладоледот.
Протеинот под името BslA природно постои во некои намирници, а научниците открија метод за развој на тој протеин со помош на т.н. добри бактерии. Тврдат дека добивањето на BslA во сладоледот нема да го измени неговиот вкус.
– Возбудени сме поради новата состојка која може да го усоврши сладоледот, а тоа ќе ги олесни работите и на производителите и на купувачите, посебно при превозот на сладоледот во кој често доаѓа до топење, па повторно замрзнување – рече директорот на проектот, проф. Кеит МекФи.
Тој додава дека ова откритие има и други позитивни страни, па така новиот начин на производство ќе овозможи и ставање на маснотии и калории во сладоледот, ќе се намалат трошоците за енергија кај складирањето и доставата. Најавува дека сладоледот на иднината на широкиот пазар треба да се најде за три години.