Пратка од 2.000 вакцини од Кина пристигнуваат денеска, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Соопшти дека пратката е пристигната на аеродромот во Софија и оти веќе е организиран транспортот кон Македонија.
Станува збор, како што појасни министерот Филипче, за пратка од Кина иницирана од почетокот на февруари од страна на македонскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати.
Филипче соопшти дека денеска на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници да се ограничи висината на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување на ковид пациенти. Ваквиот предлог утре ќе биде поднесен до Владата.