Откако Стево Пендаровски, консензуланиот кандидат на владејачката СДСМ и албанскиот партнер во власта ДУИ и уште неколку помали албански партии, на првиот круг од претседателските избори не успеа да се здобие со предност пред опозицискиот противкандидат Гордана Силјановска Давкова, во кампањата на Зоран Заев да го спречи поразот се вклучи во вторникот и офоцијана Приштина.
Така вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, контроверзниот бизнисмен Беџет Пацоли доведуван своевремено во поврзаност со перење пари на Кремљ, сподели фејсбук статус во кој индиректно ги повикува Албанците во Македонија за кого да го дадат својот глас.
„Го ценам непреченото одржување на претседателските избори, како и делумните локални избори во Република Северна Македонија. Овој процес претставува уште еден чекор во демократската зрелост на оваа земја. Албанците ја збогатија политичката понуда со кандидатурата на професорот Блерим Река и со поддршката на консензуалниот кандидат. Сега е време во вториот круг во името на унапредувањето на нивниот статус во уставната рамка, Албанците да се здружат во поддршка на оној кандидат кој го гарантира патот, без враќање назад, кон евроатланската интеграција на Република Северна Македонија. Така, албанскиот глас ќе тежи повеќе и тие ќе ја зголемат својата политичка тежина во институциите како рамноправни граѓани на соседната држава“, стои во неговиот пост.