Притисоци кон синдикалците во Кривичен суд за да не го одржат штрајкот

Последниве неколку дена во Кривичниот суд кулминирале кавгите помеѓу првите луѓе од судот и синдикалните претставници кои за судската администрација се борат за покачување на платите и подобри услови за работа. Од она што го дознава досие.мк советник во Владата и истовремено вработен во судот вршеле притисоци да не се реализира штрајк кој се најавува подолго време. Се притискаат вработените да се откажат од штрајот ако не во спротивно ќе им следувале разни санкции па дури и откази,пишува порталот dosie.mk

Од синдикатот се обидуваат да ја истуркаат работата до крај па дури најавуваат и кривични пријави до одредени раководни лица. Но стравот е голем па на списоците за состаноци лица кои се пријавиле сега се отпишуваат или се приклонуваат на владејачката структура.

Во Кривичен не се лути само вработените, администрацијата туку и странките особено адвокатите. Единствениот лифт за нив не работи и мора пеш, а некои од нив и со здравствени проблеми да се качуваат во новиот модерен суд. Вториот лифт кој е наменет само за одреден број луѓе и обвинителите е веќе во руинирана состојба со искршени плочки на подот.