Притвор за две лица за убиството во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени, по претходна расправија, лишиле од живот едно лице, нивен сосед, удирајќи го повеќе пати со тврди предмети и нанесувајќи му повреди по целото тело, инфомира МВР.

По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена.