Притвор за Сеад Кочан

Зад одлуката за притвор не постојат правни образложенија, туку политичка мотивираност и тоа преку директна поврзаност со СДСМ, пишува порталот Курир. Сопругата на СДСМ-овскиот министер кој се гони за злоупотреба на службена должност Гордана Димова, покрај блиските релации на СЈО со СДСМ, имала и лична мотивираност за носење на таква противправна одлука.

Веројатно пресудна за одлуката била и средбата со Мирослав Вуиќ, адвокат на раководството на СДСМ кој со Гордана Димова имал долг разговор во текот на вчерашниот ден.

За СДСМ има две главни причини поради кои сакаат да му се одмаздат на Кочан. Прво , Сеат Кочан е сопственик на медиум кој не е под контрола на Бихаќка и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста. Втората причина за одмазда е испраќање порака и заплашување на припадниците на етничките заедници дека ќе се соочат со последици доколку не ја прифатат платформата од Тирана.

Гордана Димова -Спировска е избрана за судија во 1987 година, а потоа реизбрана со политичка одлука на СДСМ во 1996 година. Таа е една од 600 те судии кои во Собранието на СДСМ без присуство на опозицијата со едно гласање беа избрани или реизбрани за судии.

Нејзиниот поранешен сопруг Владо Димов стана актуелен кога како министер за здравство купуваше скапи бисери со државни пари за своите колешки министерки, и тоа со државни пари. Потоа имаше и повеќе други случаи за незаконито работење и злоупотреба на сужбената должност како министер. Последната информација за Димов, е дека живее и работи во Бугарија како хирург со бугарско име Владимир Димов“ со цел да ги одбегне органите на прогонот.

Владо Димов откако започна да работи во Бугарија и се даде во бегство на органите на прогонот, судиката Гордана Димова се разведува од сдсмовскиот министер, а нејзин втор сопруг е адвокатот Евто Спировски кој исто така важи за близок до Социјалдемократскиот сојуз и во чест случај правен застапник на функционери и луѓе од СДСМ кој имале проблем со законот.

Па така, тој е и правен застапник на рекетари и хулигани кои се отворени поддржувачи на Заев како што е случајот на Харун Хаџибулиќ, кој беше обвинет за случај на убиство и кој моментално е во бегство надвор од државата.

Она што може да се забележи кај судиката Гордана Димова е нејзината солидна материјална и финансиска состоја. Таа заедно со нејзиниот брачен другар поседува три стана, како и две куќи, две деловни простории ни Скопје, како и 4 автомобили меѓу кои Ауди и Мерцедес.

Инаку, случајот ТРУСТ за кој се сомничи Сеад Кочан е без правен основ.  Откако Кривичниот суд веќе еднаш го одби барањето за пртивор, на жалбата на СЈО, судскиот совет под покровителство на Гордана Димова донесе скандалозна одлука за притвор. Освен немањето на правен основ, ова може слободно да се толкува како атак  удар на СЈО против медиумите, бидејќи меѓудругото, Кочан е сопственик и на телевизијата ТВ НОВА преку што се сака да се изврши политичко влијание и порака на СДСМ преку СЈО до медиумите.

Инаку, се работи за случај на СЈО за ископ на јаглен од Суводол во Битола, за потребите на РЕК Битола, при што се осомничени управителот на „Трансмет“ Кочан, второ осомничен е управителот на „Силекс неметали“ и управителот на „Ваго доо“ – Студеничани кои склучиле договор од ЕЛЕМ. Упатените велат дека се работи за типично монтиран случај без правен основ.

“СЈО ги доби сите документи кои ги бараше, а јас лично направив увид во целата тендерската постапка и тврдам дека била водена според тогашниот закон за јавни набавки – рече директорот на ЕЛЕМ, Мицкоски.

Тој тврди и дека направил увид во она што се барало во тендерот. – Сето она што е сработено е наплатено и нема никакви отстапувања од законот– рече Мицкоски.

Ваквата одлука на Судот зад кој што стои политичка пристрасност на СЈО која што е видлива и е дел од поширок оркестриран напад кој што е насочен кон медиумите кои не се под контрола на СДСМ. Освен ТВ Нова, СЈО упадна и во МПМ која управува со трите водечки дневни весници Дневник, Вест и Утрински весник, во Сител, Канал 5, во новинската агенција Нет Прес, Република, Радио Слободна Македонија. Познавачите на состојбите ова го опишуваат како директен брутален притисок врз десетици медиуми кои не се под контрола на СДСМ.

Од друга страна, СЈО и судот со ова прават и директен атак врз бошњачката заедница во Македонија чиј што преставник и долгогодишен застапник и поборник за нивните права е токму Сеад Кочан кој е и претседател на Здружението на Бошњаците од Македонија.  Бошњаците меѓудругото се изјаснија и против платформата на СДСМ и ДУИ која е основа на нивниот коалициски договор, а со кој се фаворизира албанската заедница, а се запоставуваат правата на сите станати заедници.