Притвор за скопски дилер на кокаин

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против 23-годишниот E.A. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Во периодот од јули до септември 2022 година, пријавениот набавил кокаин и во својот дом вршел препакување и продажба на лица од Скопје.

Така, на 2-ти јули на булеварот „Крсте Мисирков“ кај 33 -годишниот И.П. од Скопје бил пронајдени кокаин, кој го купил од Е.А.. На 13-ти септември на булеварот „Партизански одреди“ кај K.M. бил пронајден кокаин, кој го купил од пријавениот. Исто така, на 20-ти септември на улицата „Филип II Македонски“ кај Х.Ц.на 52 години од Скопје бил пронајден кокаин, кој го купил од Е.А..

Од страна на судија на претходна постапка, на Е.А. му била одредена мерка притвор.