![apelacionen-sud-420x240](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/apelacionen-sud-420x240-1.jpg?resize=420%2C240&ssl=1)
Апелациониот суд во Скопје попладнево соопшти дека донел одлука за притвор во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ прифаќајќи ја жалбата на СЈО.
-Апелациониот суд Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „ТАРГЕТ“ и „ТВРДИНА“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а према обвинетите Горан Грујевски, Никола Бошкоски и Тони Јакимовски заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани, стои во соопштението.