Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода малолетникот од селото Ласкарци, скопско, кој се сомничи дека на 28 октомври на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник, а на 13 ноември исто така, на автобуска постојка во Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.