
Осум дена притвор му е одреден на 34-годишниот Б.К. од Скопје, кој од МВР е осомничен за кривично дело разбојништво, откако од познаник во скопското село Инџиково му украл поштенски плик во кој имало 5.000 денари.
Според МВР, осомничениот со боксови и клоци го истепал познаникот, а од џебот на долната тренерка му ги украл парите. Разбојникот според полициската евиденција заработил 11 кривични пријави за извршени 15 кривични дела.