![avtobusi privatni prevoznici straj](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/avtobusi-privatni-prevoznici-straj.jpg?resize=695%2C435&ssl=1)
Приватните превозници ќе се вратат на улиците низ градот до крајот на месецов, тврди градоначалничката Данела Арсовска во интервју за „10 минути“ на ТВ21.
-Она кое го имавме како постапка, беше прекинато на два пати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склопува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Ова што го направија во изминатите неколку дена, имаше проверка во ЈСП на ГПС системите, и тоа како постапка беше завшрено, и сега следува само официјализација на договорот, рече Арсовска.
Скопје е со редуциран јавен превоз повеќе од пет месеци.