Приватните автобуски превозници донесоа одлука да возат редуцирано незадоволни од како што велат немањето слух кај надлежните за нивното барање за повисок надомест за изминат километар. ие објавија дека ќе возат по 18 часот.
Од Град скопје, денеска во реакција вината ја префрлија кај преседавачот на Советот Трајко Славески.
– Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес. Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех, се вели во соопштението од кабинетот на Данела Арсовска.
Редуцираното вoзење на приватните превозници дополнително ги зголемува маките на скопјани во ситуација кога и ЈСП нема доволно автобуси за да го покрие возниот ред.