1.5 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Приватните специјализанти на протест незадоволни од условите и договорот по кои работат

33

Кофинансираните приватни специјализанти во понеделник излегуваат на протест пред Министерството за здравство.

Како што објавија на својата официјална страна Здружение на лекари специјализанти –ЗЛС, приватните специјализанти излегуваат на протест да го искажат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат.

Според објавените информации кофинансираните приватните специјализанти не се вклучени во законот за здравствена заштита бидејќи содржат елементи и од приватните и од државните и не се целосно дефиниран.

Како што се наведува,  висината на нивната плата изнесува колку просечната плата на ниво на Република Македонија која пак е пониска од минималната плата на лекарите по општа медицина со 360 кредити образование и таа не смее да биде пониска од минималната лекарска плата.

Односно, како што пишува во нивното соопштение и договорот за вработување во клиниките на неопределено време, после завршување на специјализацијата има огромни правни празнини.

Понатаму,  наведуваат дека и покрај законот за здравствена заштита обврската била да им се исплаќаат сите надоместоци, додатоци за плати и сите трошоци поврзани со работа според колективниот договор, но како што посочуваат се уште немаат исплата за одвоен живот, патни трошоци, дежурства, минат труд, како и ризична работа во сала и инфективен додаток.
 
Приватните специјализанти бараат да се направат посебни ставки во законот кои би ги опфаќал и нив а кои би биле различни од државните специјализанти со помали обврски кон државата, стои во известувањето.

Протестот ќе се одржи во понеделник, 18-ти ноември од 10 до 12 часот, а изјава за медиуми е предвидено да биде дадена во 10:30 часот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.