
Во четвртокот, во 16,20 часот на улицата „Финска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот А. А. од Скопје, кој бил баран по потерница поради бегство од затвор.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за дозидржување казна затвор од три години и пет месеци за сторени кривични дела по член 215 став 1 и член 383 став 2 од Кривичниот законик.