
Познатиот бизнисмен Орце Камчев во неделата претпладнето се наоѓа во Кривичниот суд во Скопје, откако претходно е приведен во полициската станица Карпош.
Како што пренесоа претходно медиумите, повикувајќи се на Обвинителството за организиран криминал, приведувањето следело откако Агенција за национална безбедност (АНБ) доставила извештај дека Камчев наводно се подготвува за бегство.
Поради тоа во рамките на истрагата за плацевите на Водно, во која е инволвиран и Камчев ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор. За случајот „плацевите на Водно“ е задолжена обвинителката од некогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) Лиле Стефанова.
Камчев е еден од осомничените во случајот на СЈО „Империја“, кој според истрагата за слулчајот „Рекет“, за што осудени на затворска казна добија поранепшната претседателка на СЈО Катица Јанева и сопственикот на сега згаснатата 1тв телевизија Бојан Јовановски-Боки 13, бил рекетиран за да добие повластици во истрагата.