Приведен дилер, претрес во Кавадарци, пронајдени различни видови дрога

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје денеска го лишиле од слобода 30-годишниот Ј.А. од Кавадарци.

„По претходно преземени мерки и активности и врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом во Кавадарци во кој тој престојува, при што беа пронајдени една ќеса и повеќе пакувања со марихуана, пакување со кокаин, пакување со амфетамин, дигитална вага со траги од дрога и поголем износ на пари во различни валути“, соопштија од МВР.

Ј.А. е приведен во ОВР Кавадарци и по комплетно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава