Приведен дилер во Битола

Во петокот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Л. на 39 години од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.