Приведен дилер во Штип, пронајдена дрога

По претходна судска наредба од Основен суд Штип полициски службеници во саботата од 14:05 до 15:25 часот извршиле претрес во домот на 37-годишниот М.П. од Штип.

При претресот биле пронајдени 11 пакувања со бела прашкаста материја, 135.000 денари, 4.380 евра, 130 фунти, 50 франци и два мобилни телефона за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од извршено кривично дело, информира МВР.

Пронајдените предмети биле одземени од М.П., а тој бил лишен од слобода.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок