Приведен германски државјанин во Аеродром баран со меѓународна потерница

Во Скопје, во населбата Аеродром припадниците на МВР од слобода лишиле германски државјанин баран со меѓународна потерница.

Денеска (23.11.2023) околу 18:00 часот на ул. „Руди Чаевац“ во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“, лишен од слобода е П.Д.Р. (36) од Визбаден, Германија, кој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога.

Лицето е лишено од слобода и предадено во ПСОН Аеродром за понатамошна постапка.