Граѓанин на Албанија во 2 часот по полноќ е лишен од слобода на граничниот премин Табановце на излез од Македонија. При проверка во оперативна евиденција Г.К.(33) од Албанија е евидинтиран на Стоп-листа по барање на Интерпол од Грција.
Со мерка да се лиши од слобода Г.К. бил предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за натамошна постапка.