![apsenje lisici-](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/apsenje-lisici-.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп.
Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.