Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено

На 08.09.2022 во 11.50 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар бил лишен од слобода Џ.Б.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на ул. „Македонија“ во зграда сопственост на правно лице извршил кривично дело „тешка кражба“.

Со пријавениот бил извршен службен разговор во кој тој го опишал извршувањето на кривичното дело, кое го извршил заедно со еден малолетник.

Исто така, малолетникот бил повикан во полициска станица и во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција и со него бил извршен разговор.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.