На 08.06.2023 во 16.10 часот на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.О.(34) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во куќа на подрачје на Центар, при што одзел пари и други предмети.
Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
На 09.06.2023 тој бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил мерка притвор.