Во Тетово на ул.„29 Ноември“ синоќа во 23:05 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(30) од тетовското село Џепчиште.
Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „разбојничка кражба“ во аптека на истата улица, каде што физички ја нападнал вработената и одзел пари од дневниот промет. Одземените пари, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По преземени мерки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот против О.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.