![Priveduvanje lisici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/Priveduvanje-lisici.jpg?resize=620%2C348&ssl=1)
На 19.05.2021 во 18:45 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги, на бул.„Мајка Тереза” во Скопје, бил лишен од слобода Р.К.(36) од Скопје, по добиена судска наредба, заради доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
За Р.К. била распишана централна потерница за лице осудено на вкупно 10 години и 9 месеци казна затвор.
Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во Затворот Идризово за доиздржување на казната.