Во четвртокот кај месноста Ѓумушица крај Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го привеле 33-годишниот прилепчанец А.И..
За него била распишана потерница од Основен суд Прилеп за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Прилеп за издржување на казната.