Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера напладне го лишиле од слобода Р.Џ.(26) од Штип, кој бил баран по централна потерница.
Како што информира МВР, лицето се барало врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и девет месеци за сторени кривични дела од областа на имотни деликти.
Р.Џ. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.