Приведен криминалец баран со потерница, осуден на близу 13 години затвор

Денеска ( 24.08.2022) година во 14:50 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со ОКП при  СВР Струмица,   во Струмица го приведоа А. Т. (35) од Струмица, лице барано по централна потерница од  КПУ-КПД Идризово-Скопје.

Тој бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и 11 месеци, а за доиздржување имал 2 години и 11 месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.