Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

Вчера во 16.30 часот на улица „Мариовска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(48) од Скопје, соопштија од МВР.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен  суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.