
Полициски службеници од СВР Тетово денеска (6 октомври) околу 16 часот, на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово, со судска наредба, го привеле 34-годишниот тетовец И.А., осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик. Набргу потоа, И.А. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.