Приведен криумчар на мигранти во гевгелиско

Во четвртокот околу 13.30 часот во координирана акција на полициски службеници одгевгелиската полиција и граничната полиција на патниот правец Прдејци- Смоквица приведен е П.Г. на 48 години од  Богданци, поради тоа што во возило „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички превезувал пет лица-мигранти од Куба.

По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.