Приведен кумановец баран со потерница

Триесет и шестгодишен кумановец баран за издржување затворска казна викендов е приведен во Куманово.

– На 14.11.2020 во 04.20 часот во Куманово полициски службеници од СВР Kуманово го приведоа Н.Ј. (36) од Куманово, кој се барал со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од една година за извршено кривично дело по чл.236 ст.1,2 од КЗ на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.