Приведен кумановец поради „убиство во обид“

Кумановската полиција, вчера го лиши од слобода, 43-годишниот кумановец Љ.М поради сомнение дека извршил кривично дело „убиство во обид“, соопштија денеска од СВР Куманово.

Според полицијата, Љ.М. на 2. септември во 21.45 часот, во стан на улицата „Доне Божинов“ со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градите на 40-годишниот кумановец Н.Д., а со чаша го удрил по главата 47-годишниот М.С., по што побегнал.

Љ.М. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.