Во четвртокот рано попладнето околу 16.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 33-годишниот М.С. од Куманово.
Мажот се сомничи дека ноќта меѓу средата и четвртокот, со уште едно лице, од магацин на правен субјект на булеварот „Октомвриска револуција” во Куманово одзеле повеќе предмети со вкупна вредност од околу 20.000 евра, информира МВР.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.