Според неговите податоци малолетникот со шал на лицето, капа на главата и плетени нараквици на рацете, влегол во обложувалницата и заканувајќи се со кујнски нож ја натерал вработената К.С.(30) од фиоката да му даде 4.000 денари во разни апоени од дневниот промет и нејзиниот мобилен телефон.
На излегување тој го оставил телефонот и избегал, но, набрзо бил идентификуван и во присуство на негов родител лишен од слобода. Во истрагата бил пронајден и ножот, а со потврда му била одземена и облеката што ја носел. – Во консултација и координација со јавниот обвинител по извршените разговори малолетникот бил пуштен и ќе се соочи со соодветна пријава, најави Јосифовски.