
Новинарот и уредник на црногорскиот портал Борба, Дражен Живковиќ утрово е приведен во Подгорица по налог на Основното државно обвинителство. Според неофицијални информации од Управата на полицијата, Живковиќ е приведен бидејќи не се одзвал на сослушувањето во Основното државно обвинителство.
Против Живковиќ пријава поднесе Демократска Црна Гора.
Демократски фронт го осуди приведувањето на новинарот Живковиќ.
– Демократски фронт посебно го осудува самиот чин на апсење на новинарот Живковиќ, претставник на јавниот збор, што дополнително говори за бескрупулозноста на полицискиот режим. Со тоа е извршен уште еден флагрантен удар на слободата на медиумите и новинарската дејност во Црна Гора, која е последниот бастион на ригидната диктатура во Европа, се наведува во соопштението на Демократски фронт.
Во соопштението, исто така се посочува дека приведувањето на Живковиќ е по пријава на опозициска партија, која го обвинува новинарот за фалсификување на документи